Шакира со спектакуларен настап на СП, бившиот Пике во публиката со нивните синови кои гордо пееја со мајка им
Шакира очекувано одржа енергичен настап на финалето на Светското првенство во фудбал, кое вчера се одржа во Њујорк.
Она што никој не го очекуваше беше појавувањето на нејзиниот бивши партнер Жерар Пике со нивните синови Саша и Милан.
39-годишниот фудбалер пристигна на натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина заедно со двете момчиња и од трибините го проследи спектаклот.
На едно од видеата кои се проширија на социјалните мрежи, синот Саша пее со широка насмевка на лицето додека неговата мајка настапува на теренот.
Настапот на Шакира:
Shakira cantando Dai, Dai en la final del mundial de fútbol en NY! #shakira pic.twitter.com/jXUo7ayk9I
— ShakiraBarranquilla (España) (@sweetycary) July 19, 2026
Пике и Шакира беа во врска 11 години. Нивната љубовна приказна заврши кога тој ја изневери со Клара Чиа Марти, со која моментално е во врска.