• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Жената нема потреба од машки надзор“: Вики Чадиковска со револт возврати на контроверзниот став на Петар Богојески

3 ноември 2026, 13:22
  • cподели

Изјавата на Петар Богојески дека на жените им е потребен машки надзор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Во емисијата „Под лупа“ на телевизија Алфа, гостуваше Богојески со адвокатката Катерина Котеска и разговараа на тема „Распадот на македонското семејство“, односно за насилството, разводите и судирот на традицијата со модерното време.

Во еден момент, Богојески го поврза феминизмот со несоодветно однесување на жените и отфрлањето на машкиот надзор.

„Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на несоодветен начин и да отфрлат каков било машки надзор“ – изјави тој.

На прашањето зошто на жената би ѝ бил потребен надзор и кој би требало да ја надгледува, Богојески одговори дека тоа е обврска на сопругот.

„Сопругот. Зошто тоа му е задача, обврска“ – констатира тој.

Потоа се осврна и на настан кој се одржал во „Европа хаус“ во Скопје, користејќи го како пример за однесувањето на жените без машки надзор.

„Пред некое време споделив едно лудило на жени во Европска комисија во Скопје. Кој знае што правеа таму, медитираа, нешто се глупираа. Тоа да го гледа нормален човек, ќе рече: Ова не е нормално“ – рече политичарот, на што доби прашање дали мисли на нормален маж или нормална жена.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Алфа Телевизија (@alfatelevizijamk)

Котеска, која е адвокатка од Битола специјализирана за семејно право, разводи и заштита од семејно насилство, му противречеше, а Богојески во еден момент ѝ упати и коментар: „Затоа викаат за вас дека пола девојчиња во Битола сте ги развеле“.

Тој вели и дека насилството од страна на маж е оправдано доколку тој дознае дека неговата сопруга го изневерила, затоа што таа реакција би била одговор на неговото достоинство.

Снимката од емисијата брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што предизвика бројни коментари. Многумина се согласни дека ваквите ставови не треба да добиваат телевизиски простор и побараа бришење на снимката.

Меѓу оние кои јавно реагираа е и новинарката Вики Чадиковска, која остро возврати, нагласувајќи дека жената нема потреба од машки надзор, туку од слобода, почит и достоинство.
 

ЖЕНАТА НЕМА ПОТРЕБА ОД МАШКИ НАДЗОР. ИМА ПРАВО НА СЛОБОДА, ПОЧИТ И ДОСТОИНСТВО.

Изјавата дека на жената ѝ е потребен машки надзор не е само погрешна. Таа е длабоко дискриминаторска и навредлива за секоја жена која самостојно го гради својот живот, носи одлуки, работи, создава, одгледува деца, раководи, придонесува и го менува општеството.

Ликот кој ја даде оваа изјава треба јавно да им се извини на сите жени. Нема потреба да го именувам. Не е ни смешно, ни забавно. Напротив, ваквите ставови се силно проблематични. Очекувам сите жени кои извршуваат јавна фунција да реагираат на неговите зборови, кои се погрешни од многу аспекти.
Жената не е ничија сопственост. Не е објект што треба да биде контролиран, надгледуван или ставен под нечие одобрение. Таа е рамноправен човек со сопствена волја, интегритет, права и достоинство.

Особено загрижувачки е што ваквиот речник не останува само на ниво на една изјава. Тој создава простор за дополнителна мизогинија, навреди и напади врз жените. Кога јавни личности нормализираат вакви ставови, тие придонесуваат за клима во која дискриминацијата се релативизира, а понижувањето на жената станува прифатливо.

Во општество во кое насилството врз жените е сериозен проблем, секој збор што ја оправдува контролата врз жената, ја доведува во прашање нејзината автономија или ја става во подредена положба мора да биде сфатен сериозно.

Насилството не почнува секогаш со физички удар. Понекогаш почнува со ставот дека некој има право да управува со туѓиот живот.

Доста е од дискриминација. Заситени сме од девалвирање на вредноста, способностите и улогите на жените. Доста е од обидите да се врати општеството во време кога жената требало да бара дозвола за сопствениот живот.

На жените не им треба надзор. Им требаат еднакви можности, институционална заштита, безбедност и почит. И пред сè, не им треба ничија дозвола за да бидат слободни.

Измена: Намерно не го споделувам, нема потреба да му овозможиме сообраќај на дигиталните платформи. Замолувам сите да го направиме тоа. Тоа е очигледно негова цел. Споделување, без одговорност. Но, тој филм нема да го гледа.

Tags
Вики Чадиковска
феминизам

Најнови

  • „Под урнатините пронајдовме дедо кој ги гушкаше двете внуки, тоа е сцена која не избледнува“: Потресна исповед на волонтерка од Нови Сад

    Tue, 11/03/2026 - 23:29
  • Сара Климоска во уникатна креација, Милчо Манчевски со шахта во раце: Премиера на новиот филм во Токио

    Tue, 11/03/2026 - 14:32
  • „Жената нема потреба од машки надзор“: Вики Чадиковска со револт возврати на контроверзниот став на Петар Богојески

    Tue, 11/03/2026 - 13:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.