• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не ја повредувај“: Што се случило на летот по кој Анџелина Џоли побара развод, а децата се откажаа од Бред Пит?

18 ноември 2026, 23:00
  • cподели

Откако четири деца целосно се откажаа од Бред Пит и го отфрлија неговото презиме, извор близок до актерот ја обвини Анџелина Џоли дека ги отуѓува децата од него. Но, многумина застануваат во нејзина одбрана и констатираат дека постапката на децата е разбирлива со оглед на сериозноста на инцидентот кој го распадна славното семејство.

Што, според Џоли, се случило во авионот пред десет години? Во противтужбата, славната актерка опишува како Пит наводно ја зграпчил и ја турнал во ѕидот на авионскиот тоалет, а кога децата се обиделе да ја одбранат, давел едно од нив и удрил друго во лицето. Потоа, додека бил во алкохолизирана состојба, ги полевал со алкохол и вербално ги омаловажувал. Пет дена по летот, Џоли поднесе барање за развод.

Претставник на Пит ги негираше наводите, а по истрагата на ФБИ против актерот не беше поднесено обвинение.

Во продолжение го пренесуваме целиот дел од судските документи во кој Џоли го опишува летот и објаснува зошто решила да стави крај на бракот.

Зошто Анџелина Џоли се раздели од Бред Пит

17. На 14 септември 2016 година, бракот на Џоли заврши. Тој ден, Џоли, Пит и нивните деца летале од Шато Миравал кон Лос Анџелес. Во текот на долгиот ноќен лет, Пит физички и емоционално ги малтретирал Џоли и нивните деца, кои тогаш биле на возраст од 8 до 15 години. По летот, Џоли решила да поднесе барање за развод заради добросостојбата на своето семејство.

18. Како што е наведено во обемниот и детален извештај на ФБИ, агресивното однесување на Пит започнало уште пред семејството да пристигне на аеродромот, кога тој се конфронтирал со едно од децата. По полетувањето, Џоли му пришла на Пит и го прашала што не е во ред. Пит ја обвинил дека премногу им попушта на децата и вербално ја нападнал.

Час и половина подоцна, Пит ненадејно ѝ пришол на Џоли и ѝ наредил: „Дојди ваму“, упатувајќи ја кон задниот дел на авионот. Ја повлекол во тоалетот и почнал да ѝ вика. Ја зграпчил за главата и ја протресол, а потоа ја фатил за рамениците, пак ја протресол и ја турнал во ѕидот на тоалетот. Пит потоа неколкупати удрил со тупаница во таванот на авионот, по што Џоли излегла од тоалетот. На излегување, едно од децата ја прашало: „Добро ли си, мамо?“ Пит извикал: „Не, мама не е добро“, и почнал да ја омаловажува Џоли со навреди.

19. Кога едно од децата вербално ја бранело Џоли, Пит се нафрлил врз сопственото дете, а Џоли го зграпчила одзади за да го спречи. За да ја оттргне од грбот, Пит се фрлил наназад врз седиштата во авионот, при што ѝ ги повредил грбот и лактот. Децата дотрчале и сите храбро се обиделе да се заштитат едни со други. Пред да заврши инцидентот, Пит давел едно од децата, а друго го удрил во лицето. Некои од децата го молеле да престане. Сите биле исплашени, а многу од нив плачеле.

20. Бидејќи немало каде да се тргнат и сакале да го избегнат гневот на Пит, Џоли и децата седеле мирно и молчеле под ќебиња. Никој не се осмелувал да оди во тоалетот. Пит повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе. Во еден момент ја полеал Џоли со пиво, а во друг ги полеал децата со пиво и црвено вино. По многу часови напнатост, Пит конечно заспал.

21. Џоли потоа организирала посебен превоз од аеродромот. Откако слетале, ги предупредила децата да не се вмешуваат, што и да направи Пит. Потоа отишла да го разбуди и му кажала дека таа и децата ќе одат во хотел. Пит пак ѝ викал и ја турнал на подот. Извикал дека никој нема да излезе од авионот и околу 20 минути го спречувал семејството да се симне. Откако едно од децата се вмешало и побарало да си заминат, Пит конечно попуштил.

Но, штом излегле низ вратата на авионот, Пит повторно физички нападнал едно од нивните деца. Ја зграпчил и Џоли за главата и рамениците и ја протресол, по што едно од децата го молело: „Не ја повредувај“. Ја пуштил Џоли, но потоа ја нарекол „ку*ка“ и додал: „Е*и се, е**те се сите“. Џоли и децата потоа заминале и стигнале во хотел. Пет дена подоцна, на 19 септември 2016 година, Џоли поднела барање за развод.

22. Откако сведок го известил ФБИ за однесувањето на Пит, агенцијата отворила истрага. По разговорите со повеќе сведоци, агентот на ФБИ што ја водел истрагата заклучил дека федералните власти имале доволна основа да го обвинат Пит за федерално кривично дело поради неговото однесување тој ден. Агентот подготвил писмено образложение на основите за обвинение, наменето за доставување до надлежното федерално обвинителство на САД заради кривично гонење.

Анџелина Џоли и Бред Пит ја потпишаа спогодбата за развод на 30 декември 2024 година, по 8-годишна судска битка. Судот ја одобри спогодбата следниот ден.

Пит јавно призна дека имал проблем со алкохолот и дека по разделбата со Џоли престанал да пие и почнал да оди на состаноци на „Анонимни алкохоличари“. Пред неколку месеци сподели дека повторно почнал да пие, но умерено.

Низ годините, децата постојано се фотографирани со Џоли, но ниту еднаш не биле видени во јавност во близина на Пит.

Tags
Анџелина Џоли
Бред Пит

Најнови

  • „Не ја повредувај“: Што се случило на летот по кој Анџелина Џоли побара развод, а децата се откажаа од Бред Пит?

    Wed, 11/18/2026 - 23:00
  • Сите зборуваат за азиската козметика, но што ја прави толку посебна? Овие 3 производи од dm ќе ви го привлечат вниманието!

    Wed, 11/18/2026 - 19:15
  • Никола Роквиќ ја бакна сопругата сред концерт, со емотивно видео за покојниот татко допре до многу срца

    Wed, 11/18/2026 - 14:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.