• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Никола Роквиќ ја бакна сопругата сред концерт, со емотивно видео за покојниот татко допре до многу срца

18 ноември 2026, 14:50
  • cподели

Никола Роквиќ викендов одржа спектакуларен солистички концерт насловен „Сусрет“ во Белград.

Еден од најубавите моменти беше кога Роквиќ ѝ ја посвети песната „Три у једној“ на својата сопруга Бојана. Пред преполната сала во Сава центар ѝ се обрати со зборовите: „Фала ти за љубовта, фала ти за најголемата поддршка, фала ти за трите деца, фала ти за домот“, по што нежно ја бакна и прегрна.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 𝐍𝐢𝐤𝐨𝐥𝐚 𝐑𝐨𝐤𝐯𝐢ć (@nikolarokvic)

43-годишната претприемачка го следеше концертот заедно со нивните три деца, а по незаборавната вечер, на социјалните мрежи сподели низа фотографии и потенцираше колку труд и љубов стојат зад еден ваков настан.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bojana Barovic (@bojanabarovic)

Најемотивниот момент на концертот беше посветен на покојниот татко на Никола, легендарниот пејач Маринко Роквиќ. На големиот екран беше прикажано видео создадено со помош на вештачка интелигенција, во кое Маринко му се обраќа на Никола како на мало момче, споделувајќи со него важни животни лекции и совети за музиката, семејството и животот.

„Човек може да изгуби многу работи, но образот, семејството и својата душа – тоа никогаш не смее. Семејството ти е сè. Кога сите ќе ти свртат грб, твоите се тука, затоа секогаш чувај ги и биди им потпора. Бидејќи сè што ќе направиш во животот, ако немаш со кого да го поделиш добро и лошо, вреди малку. Никогаш немој да заборавиш од каде си почнал и кој те научил да бидеш човек.

Ти ја сакаш песната. Многумина ќе ти велат дека ти е лесно, дека имаш познато презиме, дека си син на Маринко. Ќе бараат повеќе од тебе отколку од другите, ќе ја гледаат секоја твоја грешка, ќе чекаат да згрешиш. Но, ти немој никому ништо да му докажуваш. Докажувај се со песна, со работа, со почитување.

Не мораш да бидеш како тато, биди свој. Пеј со срце, кога ќе пееш, дај им на луѓето дел од својата душа. Тоа никој не може да ти го земе. Сине татин, само пеј, само пеј“ - му вели Маринко на малиот Никола во видеото. 

По концертот се огласи и самиот 41-годишен пејач, кој призна дека ова била една од најубавите вечери во неговиот живот.

„Постојат моменти во животот кои не можеш да ги опишеш со зборови… Можеш само засекогаш да ги зачуваш во срцето.

Вчерашната вечер беше еден од тие моменти.

Дваесет години собра во една вечер. Сите мои радости, таги, соништа, успеси, падови, сите луѓе кои поминале низ мојот живот… И сè она што ме донесе токму до оваа сцена, пред вас.

Додека ве гледав и слушав како пееме заедно, сфатив дека најголемата награда за сите овие години не се ниту песните, ниту аплаузите, ниту признанијата… Туку љубовта која нè поврзува.

Синоќа не само што пеев. Синоќа го живеев сето она што сум бил, што сум денес и што допрва сакам да бидам.

Ви благодарам што сте дел од мојот живот. Ви благодарам што ги вткаиве моите песни во вашите спомени.

И му благодарам на Бога за сè“- напиша Роквиќ.

На концертот настапи и неговиот брат Марко Роквиќ, како и пејачката Александра Пријовиќ. 

Музичарот најави нов концерт на 26 март наредната година.

Tags
Никола Роквиќ

Најнови

  • Никола Роквиќ ја бакна сопругата сред концерт, со емотивно видео за покојниот татко допре до многу срца

    Wed, 11/18/2026 - 14:50
  • Врати, не фрлај: мала навика, голема разлика

    Wed, 11/18/2026 - 13:48
  • „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог како спектакуларен фустан: Креацијата која беше магнет за погледи на балот на Vogue Arabia

    Wed, 11/18/2026 - 13:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.