• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Врати, не фрлај: мала навика, голема разлика

18 ноември 2026, 13:48
  • cподели

Еден патрон не менува ништо, ама 3,5 милиони патрони менуваат многу. Толку искористени тутунски патрони, со вкупна тежина од над од 2,5 тона, за само една година во Македонија не завршија во мешаниот комунален отпад туку беа одделно собрани и вратени во организиран систем за понатамошно постапување. Зад оваа бројка не стои кампања, туку навика. И токму тоа ја прави вредна.

Долго време крајот на употребата значеше и крај на вредноста на еден производ. Циркуларната економија го прекинува тој автоматизам. Повторната употреба, поправката и одговорното одлагање ги задржуваат материјалите подолго во оптек и ја намалуваат потребата од нови ресурси. Но циркуларноста не се случува сама од себе – таа бара јасен пат, од одделното собирање до соодветната обработка.

Тој пат не се гради со повици, туку со решенија. Компаниите треба да обезбедат систем што функционира, институциите услови за негова примена, а корисниците  волја да го користат. Кога сите три алки се поврзани, одговорноста престанува да биде апстрактна и станува мерлива.

Регионот веќе покажува докаде може да стигне редовното враќање. Во соседна Србија, во текот на 2025 година, само преку IQOS зоните во четири градови беа собрани и рециклирани повеќе од 21 тон искористени патрони. Резултат што е можен само кога добриот систем ќе го сретне активното учество на корисниците.

Бројки што зборуваат повеќе од ветувања

Глобално, „Филип Морис Интернешнл“ (PMI) во 2025 година генерирал околу 130.770 тони отпад, од кој повеќе од 85 отсто е рециклиран. Истовремено, производствените погони на компанијата ја задржале стапката на пренасочување на отпадот од депонии на 99,9 отсто. Овие резултати не се случајност, туку последица на јасен приоритет: најпрвин да се намали создавањето отпад, а потоа, секаде каде што е можно, материјалите да се употребат повторно и да се рециклираат.
Но, најдобриот одговор на отпадот не започнува кај контејнерот. Тој започнува уште во дизајнот на производот, во ресурсите вложени во него и во тоа колку долго може да трае. Рециклирањето е важна алка, но не е замена за едноставното правило - непотребниот отпад воопшто да не се создава. Вистинската циркуларност го следи целиот пат на производот, а не само неговата последна станица.

Од искористен уред до нов почеток

Кај електронските уреди, циркуларноста бара организиран систем на собирање и соодветен третман. По преземањето, уредите се прегледуваат и обработуваат, а различните компоненти и материјали, како пластиката, металите и електронските плочки, се одвојуваат и насочуваат кон натамошен третман и рециклирање. Секаде каде што постојат соодветни услови и капацитети, целта е овој процес да се одвива што поблиску до пазарот на кој отпадот настанал. Она што за корисникот е стар уред, за системот е извор на вредни материјали.

Тоа е и вистинскиот тест за секоја ваква програма: не дали производот е собран, туку што се случува со него потоа. Одговорноста не завршува кога корисникот ќе го врати производот,  таа продолжува низ организирана обработка, со јасна разлика меѓу собраните количини и материјалите што навистина се рециклирани.

Македонија: 3,5 милиони патрони, една заедничка навика

Во Македонија, Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (ФМТКП), преку својата Циркуларна програма, им овозможува на полнолетните корисници одделно да ги собираат искористените тутунски патрони и да ги враќаат на предвидените продажни места, од каде материјалот се презема за понатамошно соодветно постапување. Програмата дава едноставен одговор на секојдневното прашање – каде завршува искористениот патрон. Одговорот е: не во мешаниот отпад.

За една година, преку програмата се собрани повеќе од 3,5 милиони искористени тутунски патрони, со вкупна тежина од над 2,5 тона. Станува збор за одделно собрана количина, а не за податок за рециклиран материјал. Но, пораката е јасна: толкав материјал е предаден во организиран систем наместо да заврши во комуналниот отпад.

Сепак, најголемата вредност не е во тоните, туку во навиката. Секој вратен патрон е мала одлука која, повторена милиони пати, создава промена. Инфраструктурата ја овозможува, а корисниците ја претвораат во практика. Едното без другото не е доволно.

Истиот пристап важи и за користените електронски уреди и електронскиот отпад. Собраните уреди се насочуваат кон рециклирање во специјализирани капацитети, наместо нивниот пат да заврши со последната употреба. Различни производи, иста одговорност: она што повеќе не се користи да добие соодветен пат за понатамошна обработка.

За град што расте зелено

Иницијативата „За град што расте зелено“ ја носи оваа практика таму каде што најмногу се гледа – на нашите улици, паркови и јавни површини. Почистиот град почнува од поодговорниот однос кон она што го оставаме зад себе. За полнолетните корисници, враќањето на искористените патрони на предвидените места е конкретен, секојдневен начин да бидат дел од таа промена. Зашто пораката за позелен град има тежина само кога зад неа стои дело.

Отпадот не исчезнува кога ќе го тргнеме од погледот. Затоа промената бара повеќе од добра намера – бара место за враќање, организирано преземање и соодветна обработка. Македонскиот пример покажува дека сето тоа може да почне со една едноставна одлука: врати, не фрлај. Следниот чекор е таа одлука да стане правило, а не исклучок. Зашто зелениот град не се гради преку ноќ, туку се гради навика по навика, патрон по патрон.

Најнови

  • Групна венчавка во црква во Кавадарци: 39 љубовни приказни заедно добија Божји благослов

    Wed, 11/18/2026 - 21:40
  • Врати, не фрлај: мала навика, голема разлика

    Wed, 11/18/2026 - 13:48
  • „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог како спектакуларен фустан: Креацијата која беше магнет за погледи на балот на Vogue Arabia

    Wed, 11/18/2026 - 13:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.