• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Први фотографии на прошетка со бебето: Ен Хетавеј го роди третото дете на 44 години

18 ноември 2026, 01:33
  • cподели

Ен Хетавеј го доби третото дете со сопругот Адам Шулман.

Ѕвездата на „Ѓаволот носи Прада“ беше фотографирана на прошетка низ Њујорк со новороденчето во кенгур. Облечена во топла зимска облека, 44-годишната актерка изгледаше расположено додека разговараше и се смееше со пријателка, која во еден момент ја фотографираше со бебето. Фотографиите ги објави TMZ.

Засега не се откриени полот и името на бебето, ниту точниот датум на раѓање.

Ен и нејзиниот сопруг Адам Шулман се родители и на 10-годишниот Џонатан и 6-годишниот Џек.

Холивудската ѕвезда ја изненади јавноста во јуни, кога со забавно видео на Instagram откри дека е бремена по третпат. Во видеото, снимено за време на промотивната турнеја за продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, таа се појави во бела облека, а потоа го откри трудничкото стомаче со широка насмевка.

Ен Хетавеј

Хетавеј претходно отворено зборуваше за предизвиците на мајчинството и за тоа колку е благодарна што успеала да забремени во четириесеттите години.

„Пресреќни сме, бидејќи од лично искуство знаеме дека не секој ја добива оваа можност, особено не тогаш кога ја посакува. Некои никогаш не ја добиваат“ – изјави таа.

Пред породувањето, Ен раскажа дека со сопругот се обидуваат максимално да уживаат во последните недели како четиричлено семејство, свесни дека доаѓањето на новото бебе ќе донесе големи промени.

„Возбудени сме и пресреќни, но сега навистина се трудиме да уживаме во времето кога сè уште сме четиричлено семејство. Сè ќе се промени за нас, но најмногу за нашите деца“ – сподели таа.

Хетавеј е позната по тоа што внимателно ја чува приватноста и ретко споделува фотографии од децата во јавноста.

Tags
Ен Хетавеј
Адам Шулман

Најнови

  • Мина Блажев и Луна Стефановска со заводливи стајлинзи уживаат во Париз

    Wed, 11/18/2026 - 08:30
  • „Те почувствував уште од првото чукање на срцето“: Фитнес тренерите Софија и Марио со слатко видео го открија полот на бебенцето

    Wed, 11/18/2026 - 08:30
  • Први фотографии на прошетка со бебето: Ен Хетавеј го роди третото дете на 44 години

    Wed, 11/18/2026 - 01:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.