• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Бејби, твоја сум“: Ен Хетавеј со шармантно видео објави дека на 43 години го очекува третото дете

19 јуни 2026, 19:10
  • cподели
Ен Хетавеј

Ен Хетавеј е бремена! Холивудската ѕвезда и нејзиниот сопруг Адам Шулман го очекуваат третото дете.

43-годишната ѕвезда од „The Devil Wears Prada“ ја сподели радосната вест со фановите преку шармантна снимка.

Во видеото, Хатавеј влегува во кадарот со рацете прекрстени пред себе. Додека во позадина одекнуваат звуците на романтичната песна „Baby I'm Yours“ од Барбара Луис, таа нежно ги спушта рацете, откривајќи го своето трудничко стомаче. Со широка насмевка, актерката го прегрнува стомакот пред среќно да истрча надвор од кадарот.

„x Baby, I’m yours x“, напиша таа во описот на објавата, совршено доловувајќи ја емоцијата на моментот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

Ен Хетавеј

Ен и Адам се во брак од 2012 година и веќе се родители на 10-годишниот Џонатан и 6-годишниот Џек, а нивниот семеен живот очигледно минува низ исклучително хармоничен период. Во неодамнешно интервју за Elle, Хатавеј сподели дека нејзините синови се наоѓаат во „навистина забавна фаза“ каде што сите уживаат во заедничкото време.

„Адам и јас буквално впиваме сè. Си поминувам прекрасно со моето семејство, живеам во градот од моите сништа, а и на професионален план работите се одвиваат одлично“, изјави неодамна ѕвездата, која е актуелна со долгоочекуваното продолжение на „The Devil Wears Prada“, како и со улогата на Пенелопе во новиот филм „The Odyssey“.

Tags
Ен Хетавеј
Адам Шулман

Најнови

  • Ен Хетавеј

    „Бејби, твоја сум“: Ен Хетавеј со шармантно видео објави дека на 43 години го очекува третото дете

    Fri, 06/19/2026 - 19:10
  • „Ни помогнавте да го оствариме нашиот сон“: По 18 години борба со неплодност, се роди Богдан

    Fri, 06/19/2026 - 15:37
  • Александра Пријовиќ со децата

    Александра Пријовиќ за првпат ја покажа куќата во која порасна во спотот за „Vreme prolazi“ во кој се и нејзините деца

    Fri, 06/19/2026 - 14:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.