• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Убавината по 25-тата: Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic, кога науката ѝ помага на кожата да остане своја

9 ноември 2026, 12:16
  • cподели
Eucerin

Постои еден момент, некаде по дваесет и петтата, кога пред огледалото застануваш малку подолго од вообичаено. Не затоа што нешто не е во ред, туку затоа што почнуваш својата кожа да ја гледаш поинаку – како тивок сведок на сите непроспиени ноќи, на смеењето до солзи, на летата под сонце и на утрата кога немаше време ни за кафе. Тоа е период кога веќе не сакаме да правиме компромиси со негата на кожата, кога обрнуваме внимание и на сите надворешни фактори кои влијаат на неа.

А токму врз основа на Епигенетската наука (за влијанието на начинот на живот и околината врз нашите гени и стареењето на кожата) е создадена и новата линија Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic – ритуал кој не се бори против времето, туку ѝ помага на кожата да остане негувана, свежа и своја уште многу години.

Наука што ја слуша твојата кожа

Во срцето на линијата се наоѓаат патентираната Age Clock технологија и активната состојка Epicelline®, која ги активира гените на долговечноста на кожата. Наместо само да ги прикрие трагите на времето, формулата ѝ помага на кожата да се обновува од длабочина, природно и без напор.

Три чекори до кожа што сјае со години

Epigenetic серумот е мигот само за тебе. Клинички тестиран и со висока концентрација на Epicelline®, тој видливо ублажува 10 знаци на стареење*, ја обновува кожата од длабочина и ги намалува брчките. Првите видливи резултати доаѓаат веќе по 4 недели** – доволно брзо за да ја забележиш разликата, доволно нежно за да се чувствува како твојата кожа, само поодморена.

Дневната нега со SPF 30 е твојот штит за секој нов ден. Збогатена со Epicelline® и Age Clock технологијата, таа ублажува 10 знаци на стареење*, ѝ дава на кожата длабинска хидратација и ја штити од напреднатите знаци на стареење – за да излезеш од дома подготвена за сè што ќе ти донесе денот.

Ноќната нега работи кога ти конечно ќе запреш. Додека спиеш, клинички испитаната формула ја поттикнува регенерацијата на кожата и видливо ги ублажува знаците на стареење, за наутро да те пречека поцврста и младолика кожа – како да ти вратила дел од сонот што ѝ го должеше.

„Не станува збор за тоа да изгледаш помлада. Станува збор за тоа да се чувствуваш своја – денес, утре и за десет години.“

Убавината по 25-тата не значи да го запреш времето. Значи да научиш да го живееш – со повеќе нежност кон себе, со неколку минути тишина наутро и навечер и со кожа што е подготвена за секое ново поглавје. Затоа што секоја година носи нова приказна, а твојата кожа заслужува да ја раскаже со сјај.

Eucerin
Tags
Eucerin

Најнови

  • Eucerin

    Убавината по 25-тата: Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic, кога науката ѝ помага на кожата да остане своја

    Mon, 11/09/2026 - 12:16
  • Јован Јованов и Тони Зен

    Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за „Уште ми требаш“, продолжението на култната „Итно ми требаш“

    Mon, 11/09/2026 - 11:50
  • Јаков Јозиновиќ го пронајде својот двојник на концертот во Марибор и го повика на сцената, следуваше музичко изненадување

    Mon, 11/09/2026 - 11:48
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.