„Те почувствував уште од првото чукање на срцето“: Фитнес тренерите Софија и Марио со слатко видео го открија полот на бебенцето
Софија Манчева и Марио Јовановски на Instagram го споделија најубавиот момент од нивното семејно патување. Со слатко видео, идните родители го открија полот на бебенцето кое го очекуваат.
На снимката, македонските фитнес тренери со торта дознаваат дали ќе добијат момче или девојче.
Синиот шлаг од внатрешноста открива дека на пат е нивното прво синче.
„Никој не можеше да ме убеди во спротивното. Те почувствував уште од твоето прво чукање на срцето🫀“ - напиша Софија.