Џесика Симпсон сподели фотографии од семејниот одмор со трите деца и сопругот во Мексико.
41-годишната пејачка, која трипати во животот има качено и симнато 45 килограми, самоуверено позираше во бикини.
„Имам добиено и изгубено 45 килограми трипати, па никогаш не помислував дека овој момент може да се случи, но конечно сум на пролетен одмор носејќи БИКИНИ!!! Напорна работа, посветеност, љубов кон себеси. Уживав во добро плачење од гордост“ – напиша таа во описот на фотографија на која позира во бикини.

Симпсон сподели повеќе фотографии од семејниот одмор.









Џесика имаше нагло зголемување на тежината за време на секоја од трите бремености. По раѓањето на третото дете таа тежела 109 килограми, но со помош на нејзиниот личен тренер, успеа повторно да се врати во форма.


„Да, таа вежбаше, но повеќе се фокусиравме на она што го прави во слободното време. Беше многу мотивирана и позитивна. Велеше дека телото не ѝ припаѓало нејзе во изминатата деценија. Не на лош начин, туку на позитивен – нејзиното тело беше фокусирано да создава живот, а сега кога повторно е нејзино, таа ќе го направи фантастично на навистина пријатен начин“ – изјави неодамна тренерот Харли Пастернак за слабеењето на Симпсон.
Таа имала пет задачи кои требало да ги исполни секој ден: да ги достигне бројот на определени чекори, еден час да се исклучува од технологијата, да спие, да се храни здраво и да вежба.


Симпсон започнала со 6.000 чекори и полека достигнала до 12.000. Таа тренирала по 45 минути трипати неделно и се хранела според советите на Харли.
„Мојата мантра е дека слабееш во животот, а стануваш силен во фитнес салата. Најголемото слабеење всушност дојде од сè што правеше надвор од салата, а сè во салата е за тонирање и зацврстување“ – рекол тој.
