Поминаа девет години од ненадејната смрт на сопругот на Сузана Турунџиева, Марјан Јовановиќ.
Македонската пејачка со огромни емоции се потсетува на тој трагичен ден кога го изгуби својот животен сопатник. Турунџиева напиша трогателен статус и сподели црнобела семејна фотографија.
28 јули 2016
9 години подоцна...
Денот кој посакувам да можам да го прескокнам или да го избришам од календарот, ми е болен и освестувачки потсетник за минливоста на животот и неможноста да ги промениме нештата...
Почивај во мир наш Марјане
Цел живот доцнеше, ама тоа утро избрза
Марјан Јовановиќ почина од инфаркт на почетокот од 40-тите години од својот живот. Тие имаат една заедничка ќерка Матеа, а Сузана има уште една ќерка од бракот со Александар Маленко, која Марјан ја прифати како своја ќерка.




