Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Симпсон најпосле потврди дека е бремена

Џесика Симпсон најпосле потврди дека е бремена

Џесика Симпсон најпосле реши да ги потврди шпекулациите дека е бремена. 31-годишната телевизиска ѕвезда потврди дека го очекува своето прво дете.

„Точно е, ќе станам мајка“ – напиша таа на својот официјален сајт и објави фотографија од нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Џесика во костим за ХеловинЏесика во костим за Хеловин

Бременото стомаче на Џесика од ден на ден стануваше сè поголемо, а фотографиите на папараците јасно покажуваа дека се работи за бременост, па редно беше Џесика да потврди.

Џесика и ЕрикЏесика и Ерик

Некои медиуми шпекулираа и дека таа намерно не соопштува за бременоста затоа што се обидува да извлече дебела сума за веста. Но, на крајот модната дизајнерка реши да потврди дека е бремена без многу свечености.

Ова ќе биде прво дете на Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон, кои се заедно од мај 2010 година. Во ноември минатата година тие објавија дека се свршени и дека се надеваат да стапат во брак до Божиќ 2011 година. Oчигледно плановите за свадба се малку одложени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.