Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Симпсон роди девојче

Џесика Симпсон роди девојче

Џесика Симпсон стана мајка. Славната ѕвезда роди девојче кое го доби името Максвел Дру Џонсон.

Ерик и ЏесикаЕрик и бремената Џесика во фотосесија за Elle

Девојчето се родило со тежина од 4,5 килограми и должина од 55,2 сантиметри.

Среќната вест Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон ја објавија на нејзиниот веб сајт, преку следнава порака:

Пораката на ЏесикаПораката на Џесика објавена на нејзиниот саjт

„Многу сме благодарни за сета љубов, поддршка и молитви кои ги добивме. Ова беше најубавото искуство во нашите животи!“ – пишува 31-годишната нова мајка.

Максвел е првото дете на Џесика и Ерик, кои се заедно од мај 2010 година. Само шест месеци по започнувањето на нивната врска, тие објавија дека се свршени и дека се подготвуваат за свадба. Бременоста на Џесика ги одложи плановите за свадбата, па парот објави дека планира да застане пред олтар по раѓањето на нивната ќерка.

Ерик и ЏесикаЕрик и Џесика на забавата на бебето

Неодамна Џесика објави видео од луксузната забава за бебето, а подоцна објави и фотографии од кои може да се види дека малото девојче уште пред да дојде на свет добило 20 пара обувки.

Подароците за МаксвелПодароците кои Максвел ги доби уште пред да се роди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.