Мајка и ќерка го доживеаја чудото на мајчинството рамо до рамо, а тоа искуство ги зближи како никогаш претходно.
Радоста била огромна кога Мика Рајт Пери и нејзината ќерка Аника си споделија дека се истовремено бремени и дека ќеркичките ќе им се родат десет недели една од друга.


Мика во октомври им соопшти на најблиските дека го очекува своето 11-то дете, а три месеци подоцна и Аника ги израдува сите со веста дека ќе стане мајка.
„Бев малку тажна што јас уште не сум бремена, но кога забременив две недели откако мајка ми ја соопшти вреста, беше навистина возбудливо“ – рекла Аника, која шест месеци се обидувала да забремени пред да ја слушне среќната вест за мајка си.
„Тоа беше еден од најубавите моменти во мојот живот. Имам многу прекрасни моменти, но бидејќи многу го сакам мајчинството и радоста која ја носи тоа, омилениот момент ми беше тоа што знаев дека и Аника ќе ги има истите радости во нејзиниот живот“ – рекла мајката Мика.

Во текот на нивните бремености, Аника ги ценела советите на мајка си за справување со утринските мачнини и подготвување за породувањето.


Бидејќи многумина го нарекуваат случајот на Аника и Мика „чуден“, ќерката рекла:
„За нас ова не е воопшто чудно. Мајка ми беше бремена целиот мој живот. Чудно ми е што и јас сум трудна, но чувството за мене е многу нормално“.
На 22 јули 2025 година, Мика ја доби својата ќерка Лоти – нејзиното 11‑то дете. Аника очекува за првпат да стане мајка за неколку недели.



