Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Симпсон потврди дека е бремена со божиќна фотографија

Џесика Симпсон потврди дека е бремена со божиќна фотографија

Еден месец по појавувањето на гласините дека е бремена со второто дете, Џесика Симпсон одлучи да ја потврди нивната вистинитост.

32-годишната ѕвезда објави божиќна фотографија со својата мала ќеркичка Максвел Дру Џонсон и порака во песок („Big Sis“) која кажува дека 7-месечното девојче наскоро ќе добие братче или сестриче.

МаксвелЏесика објави дека Максвел ќе стане голема сестричка

„Среќен Божиќ од моето семејство до вашето!“ – напиша Симпсон на Twitter под фотографијата.

Џесика, Ерик и МаксвелЏесика, Ерик и Максвел

Ова ќе биде второ дете на Џесика со свршеникот Ерик Џонсон. Таа се породи на 1 мај годинава и веднаш се зафати со подобрување на фигурата поради милионски договор со компанијата „Weight Watchers“.

Пред недела дена Џесика ја објави и рекламата за програмата за слабеење на „Weight Watchers“, во која ја покажа новата фигура и објави дека по породувањето ослабела повеќе од 23 килограми.

Рекламата за Weight Watchers

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.