Саша Ковачевиќ зачекори во петтата деценија од животот.
Српскиот пејач го дочека 40-тиот роденден на плажа во Турција, а си доби изненадување од хотелот во кој престојува во Лара. Вработените со шампањ го прскаа мускулестиот музичар кој носеше само костим за капење.

„Добредојдовте 40-ти. Ви благодарам драги луѓе на преубавите желби и честитки. Ве сакам сите. Специјално благодарам за прекрасното изненадување, неверојатниот персонал и роденден кој никогаш нема да го заборавам“ – напиша тој.






Саша славеше на плажата со својата девојка Зорана и нејзината ќерка Искра. Малото девојче уживаше во изненадувањето и позираше со пејачот кој ја сака и прифаќа како своја ќерка.


„Не ѝ сум биолошки татко, но ја викам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе биде мое прво дете“ – изјави минатата година Ковачевиќ за Story.rs.
Саша и Зорана се во врска од 2017 година.

