Две мали сестрички го посетија д-р Таше Трпчевски од битолската болница „Плодност“ кој пред неколку години помогна во нивното зачнување.
Веселите девојчиња го бакнаа докторот, кој пресреќен поради средбата сподели фотографии заедно со текст:


ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОДОЦНА, ДВЕ НАСМЕВКИ ШТО ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД СЕ!
Ваквите средби се најубавиот дел од мојата работа. Гледам две весели, здрави и љубопитни девојчиња кои некогаш беа само сон за нивните родители. Радоста во нивните очи е потсетник зошто вреди секој труд и секој ден поминат во оваа професија.
ДА НИ Е АЛАЛ!

Одделот за асистирана репродукција во Болница „Плодност“ бележи над 50% успешност во ИВФ(IVF) процедурите.