Пред Кардашијан-манијата, Парис и Ники Хилтон беа најпопуларните сестри од телевизиските реални шоуа. Иако денес нивната популарност згаснува, русокосите сестри сè уште немаат намера да го отстапат своето место под рефлекторите.


Парис и Ники ја покажаа својата сестринска љубов за списанието „Marie Claire“ Шпанија. Облечени во дизајнерски креации на Стела Мекартни, Шанел, Валентино и Диор, богатите наследнички Хилтон позираа за фотографот Даниел Габеј.
Во интервјуто за списанието, 31-годишната Парис споделила дека воопшто не е разгалена како што ја претставуваат медиумите. „Медиумите за мене создадоа лик на разгалена девојка, што воопшто не е вистина. Сите што ме познаваат знаат дека сум само нормална девојка“ – изјавила таа.
Нејзината сестра Ники го потврдила тоа и дополнила: „Таа е многу слатка, затоа се обидувам да ја заштитам од луѓето кои сакаат да ја искористат.“




