Стефан Филиповски и неговата сакана Тинеа се венчаа. Парот ја круниса својата љубов на црковна церемонија.
Во присуство на најблиските, двојката се заколна на вечна љубов, а потоа прослави во кафеана еден ден пред планираната свадба.
„Вечно заљубени“ – им порача Мартин Филиповски, а неговата сопруга Андреа се приклучи на бројните честитки со: „Вечни да сте“.
На споделените фотографии на социјалните мрежи, среќната невеста блеска во елегантен бел фустан и не ја симнува насмевката од лицето.












