Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Парис Хилтон бојадисува ѕидови со стил

Парис Хилтон бојадисува ѕидови со стил

Парис Хилтон можеби ја избегна затворската казна, но никако не успеа да ја избегне општествената работа.

Американската старлета вчера беше забележана во жолта широка маица и со ваљак во рацете како бојадисува ѕидови во Лос Анџелес. Но, Парис не е Парис ако не покаже малку стил. Иако беше на малку нерамен терен, таа носеше чевли со штикла висока 10 сантиметри и со насмевка на лицето им позираше на новинарите.

Парис Хилтон Парис Хилтон

Како дел од „холивудскиот тим за разубавување“, на Парис ѝ било кажано дека треба да се појави на одреденото место точно во 7 часот наутро и да не доцни повеќе од 15 минути. Таа пристигнала на време, но нејзината облека не била ни приближно соодветна за работата што ја очекувала.

Парис Хилтон Парис Хилтон

Иако задачата на Парис била да премачкува боја преку графити, таа пристигнала облечена во тесни црни панталони, високи чевли, кожна јакна и ланче со дијамантски привезок од Шанел.

Со помош на жолтата маица Парис го заштити скапото ланче, но не успеа да ги зачува чисти своите чевли.

Парис ХилтонПарис Хилтон измачкана со боја

Парис беше осудена на една година условна казна. Дополнително требаше да плати 2000 долари казна, да посетува програма за употреба на дрога и да отслужи 200 часа општествена работа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10281 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.