Ендрик од Реал Мадрид заплива во брачните води.
Младиот фудбалски талент, кој денес полни 19 години, се заколна на вечна љубов со саканата Габриели Миранда на црковна церемонија во Мадрид, Шпанија, 10 месеци по нивната регистрација.







Ендрик и 23-годишниот модел започнаа да се состануваат една година пред нивната регистрација во септември минатата година. Во тоа време, тој беше малолетен, па започна лавина коментари на социјалните мрежи со обвинувања дека таа е со Ендрик „само поради неговите пари и слава“.
Габриели изјавила дека воопшто не знаела дека Ендрик е фудбалер кога го видела првпат.
„Кога првпат го видов Ендрик, не знаев дека е фудбалер. Седеше сам во трговски центар и си помислив: ‘Колку прекрасен човек!’ Има заводлив поглед и карактер. Почувствував дека е мажот на мојот живот, мојата иднина. Се вљубив на прв поглед, а подоцна дознав дека игра за Палмеирас“ – рекла таа.




Во јавноста, Ендрик често истакнува дека верата и семејството му се најголем приоритет.




