Едно новороденче пристигна на светот во несекојдневни услови. Женско бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница, а медицинските лица го дочекаа со огромни насмевки.
Д-р Даниел Кировски сподели фотографија од необичното породување и откри дека станува збор за здраво девојче.

Во краток текст тој раскажа:
Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ.
Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.
Имав чест да бидам дел од породување кое се случи во движење, само неколку минути по полноќ. Девојче – здраво, силно и прекрасно – дојде на свет во рацете на медицинскиот тим. Без родилна сала, но со целосна посветеност, мирна координација и срце полно адреналин.
Мајката и бебето се во одлична состојба.
Во вакви моменти потсетуваш зошто си го избрал овој повик – затоа што животот понекогаш се раѓа баш таму каде што најмалку очекуваш.
Настанот уште еднаш ја истакнува клучната улога на итната медицинска служба во згрижување на пациенти во критични моменти.