Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Парис Хилтон објави спот за „Drunk Text“ во кој рецитира

ВИДЕО: Парис Хилтон објави спот за „Drunk Text“ во кој рецитира

Парис Хилтон има намера да се врати на музичката сцена, но судејќи според нејзиниот прв спот за песната „Drunk Text“, не сака да го направи тоа со пеење, туку со зборување.

Денес на интернет се појави новиот спот на позната старлета и веднаш привлече огромно внимание, но сите видеа брзо исчезнаа од сајтовите за споделување на видео материјали (ние сепак го пронајдовме).

Во спотот, 31-годишната русокоса со монотон глас ги изговара стиховите на песната, додека позира пред камерата облечена во тесни разголени фустани. Текстот, како што може да ви каже и самиот наслов, се врти околу авантурите на Парис со еден маж и размената на „пијани пораки“. Стиховите се сексуално провокативни, како: „I'm too lazy to type, so I send a photo I took up a dancer's skirt“ или „I'll be damned if I end up in some late diner after this with last night's lingerie in my purse/ It's just a drunk text“ или „She's like, 'this guy wants you to wet your lips with this bottle“.

Песната е во соработка со диџеите Manufactured Superstars, а е дел од новиот музички албум на Хилтон кој ќе се појави во текот на оваа година. На албумот ќе се најдат музички соработки на Парис со Afrojack и LMFAO, а амбициозната пејачка смета дека ќе биде одличен за во ноќните клубови и за на Ибица на лето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.