Почетна » Новости » Занимливости » Тројката родена 9 недели предвреме во „Жан Митрев“ замина дома: Мелис, Мира и Малахат конечно кај мама и тато

Тројката родена 9 недели предвреме во „Жан Митрев“ замина дома: Мелис, Мира и Малахат конечно кај мама и тато

Мелис, Мира и Малахат, трите предвремено родени бебиња во Клиника „Жан Митрев“, по неколку недели поминати во Центарот за мајка и бебе, си заминаа дома.

Тројката се роди на 4 јуни 2025, од природно зачната бременост, што е реткост во современата медицина. Иако се родија со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31 гестациска недела, новороденчињата сега се во стабилна состојба и се дома кај мама и тато.

Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат

Од Клиниката „Жан Митрев“ објавија фотографии од испраќањето на бебенцата и напишаа:

Ова породување претставуваше не само медицински успех, туку и симбол на надеж, живот и хуманост. Доаѓањето на свет на Мелис, Мира и Малахат за Жан Митрев Клиника претставуваше огромна радост, но и потврда дека можат да се надминат и најголемите предизвици кога ќе се соединат знаењето, искуството и современата технологија.

Со ова породување и официјално започна со работа Одделот за неонатална интензивна нега (NICU) во Клиника Жан Митрев.

Во последните три децении, стапката на повеќеплодови бремености е зголемена за 70%, а тројните бремености по природен пат, како оваа, се вистинска реткост и во светски рамки се појавува во 1 на 8.000 случаи.

Центарот за мајка и бебе при Жан Митрев Клиника на мајката Мубеџел Бектешова од Скопје ѝ посакува брзо закрепнување, а на Мелис, Мира и Малахат живот исполнет со љубов, здравје и сила.

Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат Мелис, Мира и Малахат Три бебиња родени во Клиника Жан Митрев Три бебиња родени во Клиника Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27596 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.