Тамара Тодевска изминатиов викенд престојуваше во Охрид, каде настапи со Игор Џамбазов на неговиот концерт во Антички театар.
40-годишната македонска пејачка го искористи престојот таму за да ужива во убавините на македонскиот бисер заедно со својот партнер Лука Радовиќ и двете деца Хана и Дарен.



Тамара, која е до уши вљубена во Лука, сподели фотографија од него и напиша: „Мој“.

Тамара изведе неколку песни со Џамбазов, а една од нив беше „Гушни ме“ во чест на покојниот пејач Влатко Илиевски.



