Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сексапилната Бијонсе откри како ослабела 25 килограми по породувањето

ФОТО: Сексапилната Бијонсе откри како ослабела 25 килограми по породувањето

Бијонсе гордо го покажа своето обликувано тело во списанието Shape. 31-годишната ѕвезда открила дека во текот на бременоста се здебелила 25 килограми, но дека со многу труд се вратила во форма само неколку месеци по раѓањето на ќеркичката Блу Ајви.

Бијонсе

„Немав многу време за да ослабам бидејќи имав закажано шоу три месеци по породувањето, што не би го направила никогаш повторно. Не сум личност која природно е многу слаба. Јас сум личност која мора да работи за да го одржува своето тело во форма“ – признала таа.

За фотосесија за списанието, популарната пејачка позираше во минимална облека која го разголи нејзиното тело. Зборувајќи за омилената физичка активност, таа споделила дека танцувањето ја одржува активна.

Во врска со диетата по породувањето, Бијонсе признала дека 80% од изгубената тежина била резултат на намаленото внесување на храна. „Држев нискокалорична диета. Стоев подалеку од црвеното месо и јадев многу риба, тестенините и оризот ги заменив со киноа“ – рекла таа и дополнила дека никогаш не брои калории.

Бијонсе Бијонсе

Дневно мени: „Секогаш појадувам, да речеме матени белки од јајца и зеленчуков шејк или житарки со нискомаслено млеко. За ручек и вечера јадам многу риба и зеленчуци. А во текот на денот, се трудам да внесувам многу течности.“

Бијонсе

Еднаш неделно Бијонсе се чести себеси со омилената храна. „Секогаш се честам себеси со еден оброк во недела, кога можам да јадам што ќе посакам. Обично избирам пица, тоа ми е омиленото задоволство“ – изјавила таа.

Бијонсе

Погледнете видео од снимањето на фотосесијата:

Ставови на Бијонсе

„Најважното нешто во креирањето на здрав начин на живот е откривањето на физичката активност која ве усреќува.“

„Најпривлечното нешто кое жена може да го поседува е самодовербата.“

„Не се фокусирајте на деловите од телото кои не си ги сакате. Гледајте на себе на поинаков начин и работете на она што не го сакате кај себе.“

„Некои луѓе ја преферираат фитнес салата, но кога јас ќе ставам спортска облека и ќе започнам да вежбам на лентата за трчање, ми станува здодевно.“

„Притисокот да бидеш слаб е неверојатен. Треба да мислите на тоа да го градите својот карактер и да се забавувате.“

„Сакам да имам свои страсти и да правам нешта кои ми се предизвик. Верувам дека тоа што ѝ ја покажувам таа моја страна на ќерка ми ме прави подобра мајка.“

„Го сакам својот сопруг, но ништо не може да се спореди со разговорот со жена која те разбира. Созревам многу од таквите разговори.“

„Понекогаш не посегнуваме кон ѕвездите. Понекогаш се задоволуваме со она со кое луѓето ни кажуваат дека треба да бидеме задоволни. Не го прифаќам тоа.“

Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.