Почетна » Новости » Шоу-бизнис » People: Бијонсе е најубавата жена за 2012

People: Бијонсе е најубавата жена за 2012

Бијонсе е најубава жена за 2012 година. Списанието People, кое минатата година оваа титула ѝ ја додели на Џенифер Лопез, годинава одлучи со признанието да ја удостои 30-годишната пејачка која неодамна стана мајка.

„Се чувствувам поубава отсекогаш затоа што родив“ – изјавила Бијонсе.

Бијонсе

Славната пејачка која е во брак со Џеј-Зи, пред помалку од четири месеци ја роди нивната прва ќерка, Блу Ајви. „Таа е најслаткото нешто“ – признала Бијонсе во интервјуто за People и дополнила дека редовно ѝ пее песни на малата Блу Ајви.

На прашањето на кого личи бебето, добитничката на 16 Греми награди одговорила: „Таа личи на Блу. Таа е своја личност. Најубавото нешто во тоа да имаш девојче е што имаш вистинско наследство. Зборот љубов сега има сосема поинакво значење“.

Новата најубава жена на светот открила и дека толку многу ужива во мајчинството, што го сака менувањето на пелени.

Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.