Катарина Ивановска деновиве ужива во магијата на Тоскана, Италија.
Македонската модна ѕвезда на својот Instagram профил сподели низа фотографии и видеа кои откриваат совршен спој на хедонизам и мода. Имено, Ивановска избра модни комбинации за чиста десетка.
Секој доловен кадар од ова патување изгледа како разгледница. Посебно внимание привлекоа моментите од нејзината посета на винаријата „Marchesi Antinori“ и историскиот замок „Castello di Verrazzano“, каде што уживаше во дегустација на врвни вина и гастрономски деликатеси.





Моделот, кој неодамна наполни 37 години, го прослави роденденот и во Италија, со огромна насмевка на лицето и искрена радост.


Иако не откри кој ѝ правеше друштво на ова посебно патување, судејќи по фотографиите, е повеќе од јасно дека Катарина вистински ужива во секој момент поминат во Тоскана.


















