Почетна » Новости » Животни стории » „Да ја наслика иднината со здравје“: Апел за помош на 12-годишниот Божидар кој боледува од редок сарком

„Да ја наслика иднината со здравје“: Апел за помош на 12-годишниот Божидар кој боледува од редок сарком

Отворете го срцето и помогнете му на Божидар Коцевски кој боледува од редок сарком.

12-годишното момче од Крива Паланка треба да се оперира во Холандија, по што му претстојат и хемотерапии. За жал, неговото семејство не може да ги покрие големите трошоци за лекување и бара помош од хуманите граѓани.

Времето е клучно, помогнете му да ја добие шансата за живот што ја заслужува.

Божидар Коцевски

Можете да донирате на страницата за донации за Божидар на ECrowd.

Кликнете ТУКА за да донирате. Еве го целосниот апел за помош:

Божидар Коцевски има само 12 години, а веќе ја води најтешката битка – битка за својот живот. Во декември му беше дијагностициран Ewing sarcoma reg. thoracis I. dex. Досега примил 10 хемотерапии, а пред него е уште една – по што мора итно да замине на операција во Princess Maxima Centrum во Холандија.

Операцијата не може да се изведе во Македонија, па ова е единствената надеж за Божидар. Времето е непријател – секој ден е од пресудно значење.

Божидар е второ од три деца, момче со големо срце и талент за уметност. Најмногу сака да слика и да го изразува светот низ боите и четките – свет кој сега му е загрозен од суровата болест.

Неговото семејство самостојно не може да ги покрие огромните трошоци за операцијата и лекувањето во странство. Затоа, сега е моментот сите заедно да застанеме зад него.

Ве повикуваме – секоја ваша донација е чекор кон спасување на едно детско срце кое заслужува иднина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29063 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.