Татјана Џамбазова, сестрата на познатиот шоумен Игор Џамбазов, за првпат седна пред камерите и јавно проговори за својот живот почнувајќи од најраното детство, па сѐ до подоцнежните години и нејзините животни предизвици надвор од границите на нашата земја.
60-годишната архитектка-технолог со светска кариера со радост и искрени емоции раскажа за растењето во театар со родителите Анче и Александар Џамбазови, а начна и многу други теми од својот живот и кариерата во Сан Франциско.
На крајот од интервјуто, Лазаров ѝ постави директно прашање за потомство, кое Игор претходно многупати го образложувал.

Секогаш сакав да имам деца, немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца, бидејќи мене ме сакаат само животни, деца и будали луѓе. Меѓутоа не верувам дека се прави дете само затоа што треба да се направи.
Не сретнав човек, или бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години и во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував, веќе беше доцна.
Така да, мене ми е секако многу жал ама не беше тоа некоја одлука. Ниту сум кариеристка, па нешто заради кариерата, никако. Бев сигурна дека ќе имам деца, само.. тоа е животот што сакал“ - одговори Татјана со трепет во гласот.

Целото интервју погледнете го во продолжение: