Шест месеци по страотниот пожар во Кочани, кој одзеде 62 млади животи, се огласи Горан Тонев.
Гитаристот на групата ДНК, кој таа кобна ноќ успеа да се извлече од канџите на смртта, напиша емотивна објава на Instagram Story и сподели фотографии од колегите кои ги изгуби и по кои вечно ќе тагува.

Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите...
Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат. Не требаше да биде вака колеги мои...
Засекогаш ќе ве носам во моето срце!
Почивајте во мир.




Горан имаше тешки изгореници и се лекуваше во болница во Солун. Тој се врати во Македонија во мај и напиша објава.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата 'Папаниколау' - Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“ – се велеше во неговата објава.
