Почетна » Новости » Актуелно » 63-годишниот кардиолог Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги искачи сите врвови над 8.000 метри

63-годишниот кардиолог Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги искачи сите врвови над 8.000 метри

Сашко Кедев го искачи Гашербрум I и стана првиот Македонец кој ги има освоено сите 14 врвови над 8.000 метри.

63-годишниот кардиолог докажа дека не постојат граници, искачувајќи се на врвот во Пакистан висок 8.080 метри, со што заокружи едно од највпечатливите достигнувања во историјата на македонскиот алпинизам.

Сашко Кедев

Со овој подвиг, Кедев стана единствената личност од нашата држава која ги има искачено сите врвови познати како „осумилјадници“.

Сашко Кедев Сашко Кедев

Д-р Кедев претходно ги искачи и врвовите: Монт Еверест, Манаслу, Даулагири, К2, Броуд Пик, Анапурна, Нанга Парбат, Чо Оју, Макалу, Лоце, Гашербрум II, Шишапангма и Кангченѕунга.

Сашко Кедев Сашко Кедев

Сашко Кедев, кој освен како алпинист е познат и како кардиолог, професор и поранешен политичар, уште еднаш докажа дека со визија, истрајност и дисциплина, може да се освојат и највисоките точки на светот.

Сашко Кедев Сашко Кедев Сашко Кедев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27634 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.