Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Северина ултра атрактивна во сексапилен фустан, ја расплакаа среќни бабички кои првпат во животот беа на концерт

Северина ултра атрактивна во сексапилен фустан, ја расплакаа среќни бабички кои првпат во животот беа на концерт

Северина одржа незаборавен концерт во Порторож, Словенија.

53-годишната пејачка на сцената се појави во ултра сексапилно издание, а беше трогната до солзи од две бабички кои за првпат во животот беа на концерт.

90-годишната Кати и 83-годишната Цветка одлично се забавуваа во публиката, а по концертот добија можност да се запознаат со Северина.

Северина Северина

„Сега кога ве видов во живо, утре да умрам, не би ми било жал“ – ѝ рече Кати на хрватската пејачка и ѝ ги насолзи очите.

За оваа средба, Северина раскажа на социјалните мрежи:

Ве молам погледнете го ова видео до крај и запознајте ги Кати (90) и Цветка (83), кои се на концерт за прв пат во животот... Не е ли тоа прекрасно, бидејќи ние сме тука, на овој свет, за да им го разубавиме животот на другите... И сега можам да речам дека мојата публика не е од 7 до 77 години, туку од 1 до 90 години.

Ви благодарам Аленка, Катја, Ана и Дамјана, што работевте на социјална активација и вклучување на постарите лица во општеството и што ги доведовте овие прекрасни дами на мојот концерт...

П.С. Замислете некој да ви каже „Сега кога ве видов во живо, утре да умрам, не би ми било жал...“

Северина

Модниот избор на Северина беше во рацете на нејзината стилистка Катија Шимундиќ.

Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.