Почетна » Новости » Актуелно » „За мајка ми и татко ми што ме гледаат од небото“: Антонио Пандовски емотивен по истрчани 600 км до манастриот Острог

„За мајка ми и татко ми што ме гледаат од небото“: Антонио Пандовски емотивен по истрчани 600 км до манастриот Острог

Антонио Пандовски сподели фотографија од крајот на неговиот подвиг заедно со емотивна порака.

Македонецот, кој трчаше 600 километри од Скопје до Острог, бос пристигна на својата дестинација и падна на земјата „не од слабост, туку од благодарност“, како што вели тој.

Антонио Пандовски

Ова не е само целта на една мисија. Ова е цел живот преточен во вера, болка, љубов и сила. Со молитва во срцето, и со солзи што се претвораат во благослов... Тука паднав не од слабост, туку од благодарност. За сите деца што се борат, за мајка ми и татко ми што ме гледаат од небото, за секој чекор што не беше лесен но беше свет. И кога стигнав, почувствував дека не сум сам. Бог беше секогаш со мене. Ова е моментот кога душата зборува погласно од зборовите. Ова не е крај. Ова е само почеток на нешто многу поголемо. За нив. За љубов. За живот.

Антонио Пандовски Антонио Пандовски

Иако подвигот до Острог заврши, сепак мисијата на Антонио Пандовски не престана во Црна Гора. Хуманитарната акција „За нашите мали херои“ продолжува во следните 3 недели, а се собираат средства за дечињата болни од рак кои се лекуваат на Детската Клиника.

Од Фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија напишаа:

Заврши подвигот, но не и мисијата!

Антонио Пандовски ги истрча своите 600 километри од Скопје до Острог– за секое дете на детската клиника, за секое семејство што се надева. За сите нас.

Но сега е ред на нас.

Хуманитарната акција „За нашите мали херои“ продолжува во следните 3 недели – и секој ваш гест, секоја донација, носи надеж и живот за над 5000 деца кои секој месец добиваат грижа на Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.

Нивната потреба е реална. А нашата поддршка мора да биде искрена. Наместо критика, да избереме солидарност. Наместо рамнодушност – да направиме нешто.

Сметка за донации:

НЛБ Банка:
210-075797990237

Назив:
Фондација Ице Бегов

Назнака:
Донација – За нашите мали херои

Девизна сметка

IBAN Code:
MK07210722000122190

SWIFT:
TUTNMK22

Телефонски броеви за донации:

А1: 143-460

Т-Mobile: 143-403

Антонио Пандовски Антонио Пандовски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27634 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.