Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првите фотографии од Ен Хетавеј на снимањето на „The Devil Wears Prada 2“

Првите фотографии од Ен Хетавеј на снимањето на „The Devil Wears Prada 2“

Започна снимањето на „The Devil Wears Prada 2“. Ен Хетавеј беше фотографирана на њујоршките улици додека снимаше сцени од долгоочекуваното продолжение на филмскиот хит.

Облечена во панталони и елече од Жан Пол Готје, 42-годишната актерка беше уловена додека трчаше и разговараше на телефон.

The Devil Wears Prada 2 The Devil Wears Prada 2 The Devil Wears Prada 2 The Devil Wears Prada 2 The Devil Wears Prada 2

Засега нема многу информации за дејството, но се знае дека ќе ги репризираат нивните улоги и Мерил Стрип, Емили Блант и Стенли Тучи. Наводно, во центарот на приказната ќе биде ликот на Стрип (Миранда) која ќе биде соочена со предизвици од надолниот тренд во традиционалното издаваштво.

На голема радост на модните ентузијасти, стилистката Патриција Филд повторно ќе биде задолжена за изгледот на ѕвездите.

The Devil Wears Prada 2 The Devil Wears Prada 2 The Devil Wears Prada 2

Премиерата на новиот филм е планирана за мај 2026 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27634 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.