Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: И на 81 година супермоделот Кармен Дел Орефиче на модните писти

ФОТО: И на 81 година супермоделот Кармен Дел Орефиче на модните писти

Грациозната Кармен Дел Орефиче нема план да се пензионира. 81-годишната дама елегантно зачекори на модната писта на Њујоршката недела на модата, заедно со манекенки кои се четирипати помлади од неа.

Препознатливиот модел со седа коса дефилираше на ревијата на Норисол Ферари, носејќи креација во карамел боја во ретро стил.

Кармен на ревијата на Норисол ФерариКармен на ревијата на Норисол Ферари
Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче

„Не знам дали е добро или будалештина. Но, уживам додека го правам тоа и сум способна да го правам“ – изјавила таа за емисијата „Today“.

Кармен Дел ОрeфичеКармен на Њујоршката недела на модата

Кармен за првпат била забележана на 13-годишна возраст додека се возела во градски автобус со мајка си. Две години подоцна таа ја добила својата прва насловна на „Вог“, но вели дека воопшто не ѝ значело и била убедена дека на фотографијата личи на момче.

Кармен во „Вог“Кармен во „Вог“ на 15-годишна возраст

До ден денес таа е активна во светот на модата и е особено барана од компаниите чии брендови се поврзуваат со луксуз.

Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче
Кармен Дел Орeфиче Кармен Дел Орeфиче

Нејзиниот зачуван изглед донекаде е резултат на мајката природа, но Кармен не се срами да признае дека користи инјекции за подобрување на изгледот. „Ако вашиот таван паѓа, нема ли да го поправите?“ – изјавила таа, одговарајќи на прашањето кое си го поставува секоја жена што ќе ја здогледа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.