Почетна » Новости » Мода » Кралица на модната писта: Кармен Дел Орефиче и на 85 години мами воздишки

Кралица на модната писта: Кармен Дел Орефиче и на 85 години мами воздишки

Кармен Дел Орефиче не се откажува од својата кариера и покрај тоа што веќе чекори во деветтата деценија од животот. Таа е најстариот супермодел во светот, а на 85 години покажува дека сè уште умее да ги освои модните писти.

Грациозната дама ја затвори ревијата на кинеската дизајнерка Гуо Пеј во Париз, дефилирајќи во кралска црвена креација украсена со кристали и кристална круна на главата, која одлично го надополнуваше впечатливото рачно изработено модно дело.

Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче

Во интервју за „Harper’s Bazaar“, Кармен минатата година зборуваше за работењето во модната индустрија на нејзина возраст. „Ќе работам до 105 години. Потоа ќе видам дали сакам да ја променам професијата“ – се пошегува таа.

Кармен Дел Орефиче

Седата коса и истакнатите јаболкници ѝ даваат препознатливост на шармантната Кармен. Нејзиниот зачуван изглед донекаде е резултат на мајката природа, но таа не се срами да признае дека користи инјекции за подмладување. „Ако вашиот таван паѓа, нема ли да го поправите?“ – изјави таа пред неколку години, одговарајќи на прашањето кое си го поставува секоја жена што ќе ја здогледа.

Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче

Ова не е првпат Кармен да биде дел од модно шоу на кинеската дизајнерка. Таа и во 2010 година мамеше воздишки во уште една кралска креација.

Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.