Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Најстариот супермодел на 83 години позираше за „New You“

ФОТО: Најстариот супермодел на 83 години позираше за „New You“

Кармен Дел Орефиче нема намера да го отстапи своето место во светот на модата, иако е во деветтата деценија од животот. Грациозната дама е најстариот модел на светот кој сè уште работи, а со својата уникатна убавина продолжува да добива корици на списанија и рекламни кампањи.

83-годишната Американка самоуверено позираше за мартовското издание на списанието „New You“ и по кој знае кој пат привлече илјадници позитивни коментари.

Кармен Дел Орефиче

Седата коса и истакнатите јаболкници ѝ даваат препознатливост на шармантната Кармен, која на 13 години позирала за Салвадор Дали, а на 15-годишна возраст за првпат се појавила на насловна страница на „Вог“.

Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче

Кармен убедливо вели дека за неа возраста е само бројка и додава дека во изминативе 25 години била почесто ангажирана од модни брендови и списанија отколку во младоста.

За фотосесијата за „New You“ бил задолжен албанскиот фотограф Фадил Бериша.

Зачуваниот изглед на Кармен донекаде е резултат на мајката природа, но таа не се срами да признае дека користи инјекции за подобрување на изгледот. „Ако вашиот таван паѓа, нема ли да го поправите?“ – изјави таа пред неколку години, одговарајќи на прашањето кое си го поставува секоја жена што ќе ја здогледа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.