Пенелопе Круз ужива во својата втора бременост. Атрактивната актерка била фотографирана на плажа на Барбадос во црни бикини, покажувајќи ги своите труднички облини.

38-годишната убавица се релаксирала со својот двегодишен син Лео.

Круз потврди дека е бремена на почетокот на февруари по неколкунеделни шпекулации дека ќе има второ дете со Хавиер Бардем.


Во блажена состојба е и сестрата на Пенелопе, Моника Круз, која ќе стане мајка благодарение на вештачко оплодување. Моника неодамна објави дека одлучила да стане мајка со помош на донатор на спрема, бидејќи се плашела дека нема да го сретне вистинскиот човек за да има дете.
