Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерите vs. Вистинските личности: Пенелопе Круз како Донатела Версаче, Рики Мартин како Антонио...

Актерите vs. Вистинските личности: Пенелопе Круз како Донатела Версаче, Рики Мартин како Антонио...

Продуцентите на „American Crime Story“ најавија дека втората сезона ќе го проблематизира убиството на култниот дизајнер Џани Версаче. Имињата на актерите кои ќе се појават во серијалот се веќе познати: Пенелопе Круз ќе ја толкува улогата на Донатела Версаче, Едгар Рамирез ќе го гледаме како Џани Версаче, а Дарен Крис ќе го игра серискиот убиец Ендру Кунанан. Во споредните улоги ќе се појават Рики Мартин, како долгогодишниот партнер на Џани, Антонио Д’Амичо и Макс Гринфилд, како постариот брат на Џани, Санто Версаче.

Пенелопе Круз како Донатела Версаче

Џани Версаче Џани Версаче

Едгар Рамирез како Џани Версаче

Џани Версаче Џани Версаче

Дарен Крис како Ендру Кунанан

Џани Версаче

Рики Мартин како Антонио Д'Амиче

Џани Версаче

Премиерата на серијалот насловен како „American Crime Story: The Assassination of Gianni Versace“ ја очекуваме во 2018 година. Продуцентот Рајан Марфи откри дека дел од сцените ќе се снимаат токму во вилата во Мајами, каде што Џани беше убиен во 1997 година.

Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче

Пенелопе Круз откри дека имала долг разговор со Донатела Версаче, пред да ја прифати улогата и да потпише договор. На шпанската актерка ѝ било премногу важно да добие благослов од Донатела за да се согласи да ја портретира во серијалот. „Се надевам дека ќе биде среќна кога ќе ја гледа серијата. Сигурна сум дека некои сцени ќе ѝ бидат тешки за гледање бидејќи ја прикажуваат загубата на нејзиниот брат, за што, се разбира, имам голема почит. Го направив тоа со сета моја љубов“ - изјави Пенелопе за Донатела по снимањето на првите сцени.

Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче

„Соработував со инструктор за го пронајдам начинот на кој Донатела зборува бидејќи нејзиниот говор сега се разликува од оној во 90-тите. Нејзиниот акцент е италијански, со интернационални примеси, што е навистина рокенрол. Не сакав да направам имитација на Донатела, ниту, пак, карикатура. Сакав да се обидам да го дофатам она што е суштествено за неа. Ова е деликатна приказна бидејќи играм некој што е сѐ уште жив, некој кој го изгубил својот брат на ужасен начин и кому тој сѐ уште му недостига, дури и по 20 години“- изјави Пенелопе Круз за списанието „Interview“.

Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче Џани Версаче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.