Бред Пит влегува во улога на фотограф за фотосесија за списанието Esquire. Згодниот актер позираше со фотоапарат пред објективот на Макс Вадукул.


Во интервјуто за списанието, 49-годишниот партнер на Анџелина Џоли зборувал за пријателите, неможноста да ги помни лицата на луѓето кои ги запознава и идиличниот живот со Џоли и нивните деца.
За пријателите: „Имам многу малку пријатели. Имам блиски пријатели кои се бројат на рака, го имам моето семејство и животот никогаш не ми бил посреќен.“


За децата: „Отсекогаш сум велел дека ако сакам да создадам семејство, сакам да е големо. Сакав да биде хаос во куќата... постојано има врева во нашата куќа, независно дали е кикотење или врескање или плачење или чукање. Го обожавам тоа. Го обожавам. Го обожавам. Мразам кога тие не се тука. Мразам. Можеби е убаво да си во хотелска соба еден ден – Ох, убаво, конечно можам да прочитам весник намира. Но, до наредниот ден, ми недостига таа какофонија, целиот тој живот.“



За тоа што не помни лица: „Толку многу луѓе ме мразат бидејќи сметаат дека не ги почитувам. Па, се колнам во Бог, една година си реков, оваа година ќе им велам на луѓето: ОК, каде се запознавме? Но, стана полошо. Луѓето повеќе се навредуваа. Понекогаш некој ќе ми даде контекст и ќе речам: Благодарам што ми помогна. Но, така нервирам уште повеќе луѓе. Тие сметаат: Ти си егоистичен. Ти си надуен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да запомнам лице, иако тргнувам од дизајнерска/естетска гледна точка. Ќе се тестирам за ова.“



