Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џоли и Пит со бакнеж и тужба против вестите за разделба

Џоли и Пит со бакнеж и тужба против вестите за разделба

Веќе подолго време во странските медиуми се зборува за проблемите на Бред Пит и Анџелина Џоли. Неодамна, News Of The World објави вест дека семејството Бранџелина се разделува и дека веќе е потпишан договор за разделување на нивното богатство и за старателството над децата.

Анџелина Џоли и Бред ПитАнџелина Џоли и Бред Пит присуствуваа на Super Bowl-от во неделата.

Но, според изјавата на адвокатот на Бранџелина, познатиот пар нема намера да ја прекине својата врска и законски ќе ги гони медиумите кои се обидуваат да шират вести за нивната наводна разделба.

За списанието People, адвокатот на Бранџелина изјавил: „Можеме да потврдиме дека тврдењата публикувани од News Of The World се неточни“.

Анџелина Џоли и Бред ПитАнџелина Џоли и Бред Пит со нивниот син Медокс.

Во неделата, Анџелина и Бред присуствувале на големото рагби финале во Мајами, Super Bowl. Однесувањето на познатиот холивудски пар воопшто не покажувало дека се пред разделба. Напротив, нивните бакнежи и милувања изгледале многу вистински.

Дали бакнежите и прегратките на Бред и Анџелина се вистински или само глума, времето ќе покаже.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.