Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Браво! Игор Џамбазов е добитник на признанието Лауреат на Фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

Браво! Игор Џамбазов е добитник на признанието Лауреат на Фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

Игор Џамбазов го доби признанието Лауреат на 17-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.

Македонскиот актер и шоумен свечено ќе го прими признанието на крајот од месецот во Крива Паланка. Оваа вест беше објавена на профилот на Македонски народен театар, а ја сподели и самиот Игор.

Игор Џамбазов

ПРВЕНЕЦОТ НА МНТ, ИГОР ЏАМБАЗОВ - ЛАУРЕАТ НА МТФ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Со особена гордост и восхит објавуваме дека првенецот на ансамблот на МНТ, Игор Џамбазов, е добитник на признанието Лауреат на 17. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“!

Игор Џамбазов е безвременски уметник – глас и лик кој ја збогатува македонската театарска сцена со страст, а неговиот талент остава длабока трага што се памети.

На 29 септември 2025 година во 12:30 часот во големата сала на Општина Крива Паланка свечено ќе му биде доделено признанието.

Наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност му се доделува како признание за неговиот исклучителен придонес и посветеност.

Тамара Тодевска и Калиопи беа меѓу многуте личности кои му честитаа на Игор. Бројни се комплиментите за неговата работа, како и коментарите дека признанието завршило во вистинските раце.

Игор Џамбазов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.