Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шеф Никола од „Брза кујна“ со мотивација од фитнес салата откако ослабе над 30 кг

Шеф Никола од „Брза кујна“ со мотивација од фитнес салата откако ослабе над 30 кг

Никола Мишковски секојдневно покажува што е дисциплина, обидувајќи се да инспирира и други лица да го следат неговиот пример.

Во најновото видео споделено на Instagram, популарниот готвач од „Брза кујна“ покажа со какви тренинзи успеа да си го трансформира неговиот изглед. Во јули оваа година, шеф Никола објави дека намалил 34 килограми за 18 недели.

Никола Мишковски Никола Мишковски Никола Мишковски

Тој напиша:

Секој ден кога ќе влезам во теретана, тоа е битка со себеси.
Не со тежините, не со другите луѓе – туку со гласот во главата што сака да се откаже.
Тука нема магија, нема тајни формули. Постојат само труд, дисциплина и истрајност.
Секое повторување е чекор поблиску до целта. Секој литар пот е доказ дека не се предавам.
Болката е привремена, но резултатите и гордоста остануваат засекогаш.
Затоа не застанувај кога си уморен – застани кога ќе завршиш.
Не дозволувај изговорите да бидат посилни од твоите соништа.
Патот е тежок, но вреди.
Ова е мојата приказна. Ова е мојата мотивација. А ти? Дали ќе ја дадеш твојата 100% денес?

Пред големото слабеење, Никола тежел 116 килограми.

Никола Мишковски Никола Мишковски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29002 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.