Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвезда со големо срце: Бред Пит ја изненади својата мејкап артистка со реновирање на дел од нејзиниот дом

Ѕвезда со големо срце: Бред Пит ја изненади својата мејкап артистка со реновирање на дел од нејзиниот дом

Во рамките на емисијата „Celebrity IOU“, Бред Пит реновираше дел од домот на својата долгогодишна пријателка и мејкап артистка Џин Блек.

Холивудскиот актер тврди дека Џин е личност која многу влијаела на неговиот живот, па со овој гест цели барем малку да ѝ се заблагодари. Бред и Џин соработуваат веќе 30 години и заедно работеле на околу 40 филмови.

„Таа ми е семејство, ние сме брат и сестра. Таа е личност која ја ценам многу во животот“ – изјавил Пит.

Бред Пит и Џин Блек

Заедно со телевизиската екипа и браќата Џонатан и Дру Скот, Пит ја претвори гаражата на Џин во прекрасна гостинска куќарка, а ѝ направија и одлично студио за шминкање.

„Знам дека дарежливоста на Бред е огромна, но ова што го направи е многу повеќе отколку што некогаш мислев дека може да се случи“ – вели трогнатата шминкерка во видеото.

Бред Пит и Џин Блек Бред Пит и Џин Блек

ВИДЕО

Бред Пит и Џин Блек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.