Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џоли: „За успешна врска не е потребна верност“

Џоли: „За успешна врска не е потребна верност“

Анџелина Џоли и Бред Пит

На сите ни е познато дека Анџелина Џоли понекогаш има малку понестандардни сфаќања, особено кога е во прашање љубовта. Овој пат таа ги изненади новинарите со својата изјава дека верноста е преценета без причина.

Познатата актерка, која во моментот живее со Бред Пит и нивните 6 деца, изјави:

„Ниту Бред, ниту јас никогаш не сме тврделе дека живеењето заедно значи да бидеме врзани со синџири. Секогаш се трудиме да не се ограничуваме еден со друг.“

„Се сомневам дека верноста е апсолутно неопходна за една врска. Полошо е да го оставиш својот партнер и потоа да зборуваш лошо за него.“

Во изминатиов период се појавија многу гласини дека врската на Анџелина и Бред е во криза и дека нивните расправии понекогаш стануваат и физички.

Со ова интервју Анџелина скоро и да ги потврди тие вести, признавајќи дека станува насилна кога не е сè по нејзино.

Дома летаат искри кога добриот Бред не гледа дека не е во право и реагира поинаку. Тогаш станувам толку лута што му ја раскинувам кошулата.

Навистина чудни изјави од популарната актерка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.