Стерули Штерјоски никогаш нема да го преболи својот пријател Тоше Проески и веќе 18 години секој ден го чува во своето срце.
Другарот на прерано починатиот ангел со емотивни фотографии и објави на социјалните мрежи се потсети на него на 18-годишнината од неговата смрт.
„Те чувам секој ден 365 дена во годината. И така веќе 18 години. Ќе те чувам сé додека сум жив. Многу фалиш братче“ – напиша тој на една од објавите.










Стерули со уште неколку волонтери ја исчисти и уреди улицата „Тодор Проески“ во Крушево и вели дека е лут што последниве години била запуштена. Таму денес ученици и средношколци ќе ги пречекаат маратонците кои во чест на Тоше трчаат од Нова Градишка до Крушево.