Почетна » Новости » Актуелно » „Ќе ми фали и да се поткарнеме малку како што знаевме ние“: Антониа Гиговска со емотивен последен поздрав за Панчо

„Ќе ми фали и да се поткарнеме малку како што знаевме ние“: Антониа Гиговска со емотивен последен поздрав за Панчо

Роднините, пријателите и колегите попладнево го испратија Владимир Блажев – Панчо во вечноста. На денот на погребот, многумина му оддадоа почит со пораки полни со тага и болка.

Антониа Гиговска се наврати на нивната заедничка песна „Ванила“ и вети дека секогаш ќе ги пее песните на ДНК, за да го одржи жив споменот за прерано починатите македонски ѕвезди.

Антониа и Панчо

Што и да напишам премалку ќе биде...

Беше тука за мене од самиот почеток, веруваше во мене, и секој твој збор беше „Само гази срц“!

Ќе ја чувам нашата „Ванила“ и еден ден кога ќе дојдам таму ќе ја испееме заедно зошто тука не успеавме да ја испееме на ниту еден концерт. Само таа ми остана од тебе, а сакавме да направиме уште една.

Чувај ги Андреј и Сара, а ние тука ќе ве чуваме вас во нашите срца и многу гласно ќе ги пееме вашите песни на секој наш настап.

Ќе фалиш ти, ќе фали Андреј, ќе фали ДНК и вашата музика. Ќе ми фали и да се поткарнеме малку како што знаевме ние, зошто сега веќе ни тоа не можеме..

До следно видување срц.

Антониа и Панчо Антониа и Панчо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29745 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.