Никола Перевски – Пере со емотивни зборови ја изрази длабоката тага што ја чувствува по смртта на Панчо и Андреј од ДНК.
Фронтменот на Нокаут објави порака која допре до многу ужалени срца:

Тешко е да се прифати дека денес го испраќаме Панчо.
Со Андреј оставија нешто што времето нема сила да го избрише, песна што не престанува, оган што не згаснува и спомени што ќе живеат и ќе бидат засекогаш присутни.
ДНК беше и ќе остане дел од сите нас што ја живееме и ја боли оваа македонска сцена.
Ние што сме уште тука, должни сме да продолжиме, со истата страст, со истата почит.
Кочани нека не се повтори никогаш повеќе.
Цела земја, сите што ве сакаа, нема да ве заборават.
Нека Панчо почива во мир, заедно со сите оние шеесет и четири млади животи што згаснаа во таа кобна ноќ.
Вечна слава и длабока почит за сите нив.
Со љубов, светлина, благодарност и сеќавање,
Никола Перевски – група Нокаут
Попладнево ќе се одржи погребот на Владимир Блажев – Панчо, кој почина по седуммесечна хоспитализација поради сериозните повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ во Кочани.
