Македонија никогаш нема да го прежали и преболи Тоше Проески, ангелот кој ширеше не само музика, туку и љубов, топлина и добрина меѓу луѓето.
На 18-годишнината од неговата смрт, не постои Македонец кој не се потсети на моментот кога ја дозна трагичната вест за сообраќајната несреќа во која почина Тоше. Многумина со објави на социјалните мрежи се сеќаваат на него овој кобен 16 октомври.
Еве дел од нив:
Дац и Александар
„Тоше има само датум на раѓање и живее во сите наши срца, во сите спомени, стихови, ноти и песни. Ангел што љубов на сите ни носи“.
Калиопи
„Откако си замина го обои октомври во најтажните бои… Тоше“

Игор Јакимовски
Утрото кое ни го зема единственото вистинско добро што ни го дари Бог е пред нас.
16.10.2007 година, 6 часот и 20 минути кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот. И на многу не им е јасно зошто толку ги допре смртта на еден пејач. Многумина велат - "чудно, дома сите молчевме, ко да изгубивме некој близок". Па да.... има ли некој поблизок од оној кој ви ги учеше децата на морални вредности, од оној кој градеше болници, училишта, манастири, од оној кој со само 26 години направи небројни хуманитарни концерти, од оној кој си ја почитуваше татковината, семејството, другарите, од оној кој беше достапен да помогне за сечија мака? Има ли луѓе???
Камо да изгубевме само пејач, па да ни фалеа само песните, музиката, камо да беше така па да си најдевме замена, затоа што пејачи имало и ќе има, но како да најдеме замена за се она што беше тој.... каде и како и дали е возможно?
Сања Савеска
„Тоше, боли овој ден. Многу фали твојата насмевка“.

Спомен куќа Тодор Проески
Сите Вие ни оставивте спомени за сеќавање кои додека сме живи ќе ги паметиме,но и потоа ќе им раскажуваме на идните генереции за се што направивте, навистина како човек да издржи на сите овие болки и да не се скрши... Почивајте во мир другари, пријатели, браќа наши, вашите дела засекогаш ќе живеат низ нотите што ни ги подаривте.
Игор Џамбазов


Тамара Тодевска

Бомбакис

Елена Најдовски

Ема Тодоровска
Христина Пан

Германецот Фин Ватчов


Tose Proeski is our religion
Сара и Панчо, кои починаа како последица на пожарот во Кочани, ја пејат „Немир“.
UTMS Skopje
„Тоше Проески беше еден од најголемите музички таленти и хуманисти кои Македонија ги имала. Со својот глас, харизма и големо срце ја освојуваше публиката низ целиот Балкан. Трагично го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа. И денес останува симбол на љубов, добрина и вечна инспирација за многумина.“